Младиот битолчанец Христијан Мартиновски го имаше својот прв натпреварувачки настап во животот на „Паљо Класик“, и тоа токму пред домашната публика во Битола.

За Мартиновски ова беше можност на сцената да го покаже она што со години го градел со дисциплина, тренинг и голема посветеност уште од најмлади години.
Иако вели дека не е целосно задоволен од постигнатиот резултат, дебито го оценува како искуство што долго ќе го памети.

„За прв пат на сцена, пред своја публика и во својот град, со можност да покажам нешто што сум го градел со години. Можеби не сум целосно задоволен од самиот резултат, но сум искрено задоволен од целиот процес и од тоа како помина сè“, порача Мартиновски.
Тој упати благодарност до сите кои го следеле и поддржувале во текот на подготовките и на самиот натпревар.

За Христијан, „Паљо Класик“ беше првиот чекор на натпреварувачката сцена – искуство пред својата Битола од кое започнува една нова спортска приказна.

