Прво преставување на битолчани и втора награда за колекцијата на Филип Јаковлевски во Нови Сад

од October 12, 2024 0 коментари

На фестивалот „Бисерна грана“ кој се одржа во Нови Сад – Р. Србија, колекцијата на Филип Јаковлевски доби втора награда за машката зетовска носија од Битолско поле. Покрај наградата, на фестивалот беа прикажани и невестинска и обредна женска народна носија од етничкиот предел Леринско поле.

Модели на ревијата беа Младен Коминовски, Ана Петрова и Милена Марковска.

Ова беше прво претставување на битолчани на овој фестивал кој се одржа по 17ти пат.

Babam Bitola

Comments are closed.