На мотокрос патеката во Смолево вчера се одржа втората трка од државното првенство во мотокрос, на која битолчанецот Антонио Дамјановски обезбеди убедливо прво место во класата МХ2.

Поради одлука на надлежните, по барање на дел од возачите, втората трка беше откажана, па резултатите се пресметуваа само од една возена трка. И покрај тоа, настапот на нашиот претставник потврди континуирана форма и подготвеност за врвни резултати.

„Во нашиот спорт речиси никогаш нема идеални услови – или имаме кал или прашина,“ изјави Антонио по завршувањето на трката.
Победникот изрази благодарност до своите поддржувачи, а особено до бројната битолска публика која беше присутна и со бодрење го следеше целиот настап.

Настапот беше поддржан од:
Enduro Team Vodno – Skopje / Ендуро Тим Водно – Скопје
Boulevard Bakery
@xfit_bitola
Konti Hidroplast
ПЗУ Амбуланта 2
Петар Димитријевски





