Првото јавно капатило во Битола подигнато е во „Домот за народно Здравје“ и се состоело од три одделенија. Во најмалото се наоѓале казаните, во второто осум мали кабини со по еден туш, а имало и една заедничка кабина со 6 тушеви. Имало и посебна соблекувална, во која се оставала облеката, а долната облека се менувала. Капатилово во почетокот служело исклучиво за учениците, нешто подоцна станало достапно и за граѓаните.

Петокот бил ден за капење на гимназистите, а такви посебни денови биле одредени и за учениците од останатите школи. Во учебната 1929/30 год. го искористиле 840 ученици и 376 ученички од Гимназијата 437 и тој број континуирано растел благодарејки не само на мачно прифатената навика за капење, уште повеќе на строгата контрола што ја спроведувале наставниците. Во учебната 1933/34 год. бројката стигна до 2345 (1225 ученици и 1 120 ученички) што и не била крајна, зашто во 1935/36 год. се искачи на 3390…

Извор Монографија на Александар Стерјовски и ЈЗУ Центар за Народно здравје “Јавното здравство и превентивната здравствена заштита во Битола”