Алфонс Саридаки бил првиот директор на Отоманската Банка во Битола.
Во 1895 година, откако се врати од Белгија каде што студирал, се приклучува на Отоманската банка на Солун, една година пред пензионирањето на неговиот татко, кој бил вработен во истата банка.
Во 1905 година тој се ожени со Емили Роси, втората ќерка на Паоло Роси. Двојката се смести во Монастир (Битола), каде што Алфонс е управител на локалната власт. Таму го имаат своето прво дете. Тројцата други ќе се родат во различни турски градови каде Алфонс ќе се пресели како менаџер на филијали. Во 1931 година тој е назначен за директор во Истанбул, каде што ќе заврши со својата кариера во 1937 година.
Како податок за Алфонс Саридаки е и следниот цитат :
“Освен тоа, во 1926 година, целото семејство, Алфонс, Емили и нивните четири деца бараат и добиваат француското државјанство. “Французин, роден во Солун во 1879 година. Неговиот татко, М. Антоан Саридаки е еден од првите вработени во Отоманската банка во Солун, кога отвориле гранка во овој град. По студиите во Белгија, М. Алфонс Саридаки, исто така, се приклучил на Отоманската банка во Солун во 1895 година. Во понатамошната фаза ги раководи новите агенции на банката во Монастир, Кутахија, Сивас и во моментов Коња ”
Објавен во “Encyclopédie biographique de Turquie – 1929”
Во 1939 година, непосредно пред воената декларација, Алфонс, неговата сопруга Емили и нивната најмлада ќерка Рене, го напуштиле Истанбул во Бордо каде Алфонс ќе умре во 1943 година.
Покрај Алфонсо интересен за нас е и таткото на сопругата Емили, италијанецот Паоло Роси.
Имено Паоло Роси е роден во Генуа во Италија во 1848 година. Роси бил студент по медицина кој доброволно се пријавува во армијата на Гарибалди како активен борец во кампањите од 1866-1870. Тој беше соученик на идниот адмирал Бетоло со кого одржува тесни врски за пријателство.
На 28-годишна возраст емигрира во Батум (Русија). А покасно се преселува во Солун каде работи како поморски превозник. Долги години тој е генерален секретар на Италијанскиот конзулат. Во тие времиња, по декрет на министерот Грималди, тој доби “медал на честа”.
За време на Првата светска војна тој станува официјален портпарол на командантот на 35-тата италијанска дивизија во Македонија во сите церемонии.Тој умира во 1927 година во Истанбул, каде што се преселил во последните години за да ги следи некои од неговите ќерки.
Отоманската банка во Битола е отворена во 1903 год, а е затворена во 1914 година по завршувањето на балканските војни и повлекувањето на Турците од Балканот.
Фотографии од Отоманската архива и архивата на Levantine Heritagе .
Благојче Андонов