Во пријатна атмосфера во Градската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, денеска се одржа првата самостојна изложба на младата уметница Ана Марија Радевска. Иако има само 15 години, Ана Марија веќе се истакнува со својот талент, чувствителност и оригинален израз.

Публиката имаше можност да погледне дела кои пренесуваат богат внатрешен свет, инспирирани од природата, емоциите и секојдневието низ очите на една млада, но веќе оформена авторка. Изложбата претставува значаен чекор во нејзиниот уметнички развој и најавува едно ветувачко творечко патување.

Настанот помина во духот на поддршка, инспирација и уметничка љубопитност, а библиотеката уште еднаш се покажа како отворен простор за нови гласови и млади таленти

Освен изложбата, беше промовирана и нејзината прва авторска сликовница, која претставува уште еден доказ за нејзината креативност и љубов кон уметноста и литературата.