На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, во Библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола (ул. Пеце Матичевски бр. 39), ќе се одржи првата самостојна уметничка изложба на младата авторка Ана Марија Радевска (15).

Ана Марија е уметница чие творештво ги надминува границите на нејзината возраст, оставајќи впечаток со искрената емоција и зрелоста во изразот. Нејзините дела носат личен печат, продлабочена мисла и силна визуелна порака, што ги прави автентични и препознатливи.

Изложбата е резултат на континуирана работа и посветеност под менторство на Анкица Стевановска, која со својот професионален пристап и поддршка игра значајна улога во уметничкиот развој на младата авторка.

Публиката ќе има можност да се запознае со едно свежо и инспиративно уметничко гледиште, а истовремено да даде поддршка на нов глас на современата македонска уметничка сцена.

Настанот е отворен за јавноста. Сите љубители на уметноста се добредојдени.