Во организација на “ПР Линк Маркетинг” од 15-ти до 17 ноември на Копаоник во соседна Србија, “Bv Business Group” ja одржа првата менаџерска конференција. На истата присуствуваа сите компании кои се дел од оваа групација и нејзините стратешки партенри.Зачеток на групацијата беше формирањето на “БВ Инженеринг” во 2002 година.

Пред присутните се обрати менаџерскиот тим на секоја од компаниите, како и стратешките партнери, а беа најавени и промовирани идеите кои во блиска иднина треба да се остварат.

Главната цел на овој настан беше со отворени дискусии за раст и развој да се зајакнат партнерствата, а сите дополнителни активности помогнаа, не само да се надградат и зацврстат односите меѓу соработниците, туку и да се подобрат вештините за комуникација, меѓусебна соработка и решавање на секојдневните работни предизвици.

“Мотивирани и полни со впечатоци, се враќаме на работните обврски да заокружиме уште една успешна година во нашето работење и со големи планови, цели и проширени видици за престојната 2025 година”, вели првиот човек на “Bv Business Group” Крсте Неделковски.

Текст : Н.С. и С.Д.

Фотографии : приватна архива