Со голема љубов и радост, тимот на „Бадникови Поворки“ – Битола најавува првата креативно-уметничка работилница, која ќе се одржи во недела, 21.12.2025 година, со почеток во 16:00 часот, во просториите на игротеката „Киндерленд“ – Битола.
Сите заинтересирани ќе имаат можност без претходно пријавување да се приклучат, да творaт и заедно да подготвуваат ѕвезди.
Организаторите ги повикуваат сите – големи и мали – да се придружат во што поголем број и заедно да ја доживеат радоста од креативното создавање.
Со почит, тимот на „Бадникови Поворки“ – Битола.





