Прваче на времето:
– Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот…
– Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал
– Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си
– Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е
– Толку!
Прваче денес:
– Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Хенри Стајлс. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час
– Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери
– Албум на Фејсбук “ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО ❤ ❤ ❤” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо
– Нема само туркање вода… Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, владика да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека на нешто шо е задолжително по закон инаку следи казна