Со мелиоративите капигални зафати во нашата Република, во 50-тите и 60тите години на веков, се создадоа услови за плантажно производство. Пелагониската рамнина беше ослободена од вековните мочуришта (и поплавените непредвиди на Црна Река), кои истекоа низ Скочивирското Грло и теснината Чебрен, однесувајќи ја и ендемската маларија во неврат. Во седмата деценија, потоа, дојде до формирање на ЗИК „Пелагонија“. Слични процеси се одвиваа и во другите делови на СРМ: Повардарието, Тиквешијата, Скопско, Полог, Кумановско, Прилепско поле… Во тој сеопшт напор неминовно се наметнуваше, како приоритет, употребата на авиони во земјоделството, за прихранување на посевите со вештачки ѓубриња и за прскање против штетниците. За таа цел скопската „Агрохемизација“ купи специјални Двокрилни авиони ОД Советскиот СОЈУЗ АН-2М (AHTOHOB ‘ Москва), со капацитет од 1500 килограми литри, кои македонската практика се покажаа и потврдија како „апарати родени за земјоделието“.
Така беше формирана првата македонска зелена ескадрила, на чело со битолчанецот МИРКО ТОДОРОВСКИ (1931-1969).
Се сеќавам, една вечер во 1967-та, со тие асови на македонското земјоделско воздухопловство неколку часа разговарав во ресторанот „Македонија“ во Битола. По вечерата се повлекоа, бидејќи наутро рано отидовме на аеродром, каде што ја снимив комплетната пелагониска екипа на македонските “зелени“ херои, кои мошне брзо се здобија со почит во тогашните ЈУ простори и пошироко (Алжир…). Само две години подоцна, Мирко Тодоровски (патрон на Аероклубот во Битола) несреќно го загуби животот на работна задача во Тиквешијата. Инаку, битолскиот Аероклуб има оспособено преку 100 цивилни пилоти.
Д.Д.Такец “Перформансите на Широк Сокак”
Во организирање сме на еден мал настан, изложба на Стари фотографии од клубот Мирко Тодоровски, промоција на книга на битолчанецот Перица Поповски, преставување на модели од моделарските секции и сл. Настанот ќе биде во кафе Аеро, лоциран во поранешната локација на Аеро Клубот, во близина на Офицерски Дом. Ден недела 03.12.2017 г. во 13.00 ч.
Влез слободен. Да се подружиме ние љубителите на синилото и малце да започниме со иницирање на повторно враќање на моделарството во нашиот град.
Ви благодариме.