Со модерниот начин на живот, долгото седење, натрупаните обврски, слабата физичка активност и стресот би кажал дека овие навики стануваат чести оптеретувачки состојби во секојдневието, додека пак физиотерапијата со помош на спортската активност станува клучна за зачувување на здравјето и враќање на движењето во секојдневното фунционирање.
Вели физиотерапевтот Илија Жежов, кој зад себе има долгогодишно искуство во медицинската рехабилитација.

Илија, што ве поттикна да ја изберете физиотерапијата како професија.

Секогаш сакав, и сакам да помагам. Едноставно ја сакав медицината и затоа ја избрав.
Среќен сум кога ќе го видам пациентот насмеан, среќен и исполнет од постигната цел.
Во медицината има едно правило, а тоа правило е трпние ,труд и многу работа со пациентот за да постигнете успешна цел.
Соработката со пациентот – физиотерапевтот е многу важна како за пациентот ,така и за физиотерапевтот. Така да сега да би почнувал и да сум на почеток пак би ја избрал истата професија

Кои се најчестите проблеми со кои ви се обраќаат пациентите ?

Има доста секојдневни проблеми кај луѓето, речиси да нема човек без проблем. Но секако, заеднички секогаш го пронаоѓаме клучното решение за помош ,секако во зависност од самиот индивидуален здравствен проблем.

Инаку секојдневно се соочуваме со низа на здравствени проблеми и секогаш гледаме барем 70% од сите овие проблеми да ги решиме кај нашите пациенти.

Што би им препорачале на луѓето за превенција на овие состојби?

Јас често велам дека физичката активност е многу важна работа во животот на секој поединец.
Затоа време за себе мора да се најде.
Времето за себе е една од најголемите инвестиции за сопственото здравје.
Покрај физичката активност тука спаѓаат и редовните превентивни прегледи ,посетата на доктор и физиотерапевт е многу важна за здравјето на луѓето.
Колку побрзо се открие настанатиот здравствен проблем,толку подобра и побрза е постапката на третманот и лекувањето на пациентот.
Затоа да бидеме одговорни кон себе и да ги почитуваме сопствените потреби за здравјето.

Имате ли некој совет за луѓето кои мислат дека немаат време за вежбање и физиотерапија?

Немам, тоа се неоправдани изговори.
Сите можеме да најдеме време за себе, се друго е само изговор без оправдување.
Ако можеже да имаме време за фб,инстаграм и други работи тогаш можеме времето да го посветиме лично за себе.
А со тоа време добиваме повеќе здравје, живот без стрес и убава енергија која ни значи многу.

Како гледате на иднината на физиотерапијата во Македонија?

Физиотерапијата е гранка која е од помош скоро во сите области за лекување.
Јас ја гледам напредна, така треба да ја гледаат и останатите колеги и колешки бидејќи е важна за здравето на луѓето и помага дури до 90% за лекување скоро во сите здравствени проблеми кај луѓето.

За крај , Каде за празникот денес и како планирате да го поминете ?

Па искрено дома ,малку спорт малку со гости и така, празникот е убав кога сме со опкружени со луѓе што не исполнуваат и што ни создаваат насмевка и убава енергија.