Од 5 декември дворот на „Пионерски“ се претвора во празничен зимски амбиент, каде ќе биде поставен новогодишен базар со богат избор на вкусови, подароци и празнични изненадувања. Посетителите ќе можат да уживаат во греено вино, топла ракија, домашни празнични слатки и книги и новогодишни подароци со бесплатно празнично пакување.

Атмосферата на отворањето ќе ја збогати DJ Tanja, која на 5 декември ќе настапи со специјална зимска музичка селекција.

Покрај базарот, „Пионерски“ ја отвора сезоната на корпоративни и приватни предновогодишни прослави, тим–билдинзи и семејни дружења, во празнично уреден простор со целосна организациска поддршка.

Резервации и информации:

📞 070 906 644 / 070 906 688

„Пионерски“ – местото каде што се создава празнична магија и незаборавни моменти.