Празничен Базар во Бар Општина

од December 20, 2024 0 коментари

Празнична атмосфера, новогодишна еуфорија, неколку локални бизниси соединети во зелената интимна оаза Бар Општина ни приредуваат еднодневен празничен настан во кој ќе уживаат најмалите , па дури и најстарите.

Топлите пијалоци и печени костени ни припрема Бар Општина, мезето е од Кус Кус, детски книги и играчки од Куќата на книгите на Јулијана Делев, уметничка изложба од Анкица Адамс Арт.

Остварување новогодишни детски желби и слатко радости со образовен Центар Атанасова и креативна работилница од Имагинариум Арт Студио.

Базарот започнува во 11 часот во Недела 22.12.24, со едно мало пријатно изненадување.

Забава продолжува со НАЛА Бенд.

Влезот е отворен за секого!

Babam Bitola

Comments are closed.