ППК Пелагонија со четири медали на државното првенство во пинг понг до 11 години

од April 5, 2026 0 коментари

Денес во Битола се одржа Државното поединечно првенство во пинг понг за играчи до 11 години, на кое клубот Пелагонија настапи со двајца претставници и освои вкупно четири медали.

Најголем успех оствари Калина Митева, која убедливо ја освои титулата државен првак за 2026 година, совладувајќи ги сите противнички на патот до златото. Таа триумфираше и во конкуренција на двојки, каде заедно со Андреа Гаралоска од Прилеп го освоија шампионскиот пехар.

Одличен настап имаше и Марко Макаријоски, кој освои две медали – сребрен во поединечна конкуренција, освојувајќи го второто место, како и бронзен медал во машки двојки, заедно со Павел Постоловски од Крива Паланка.

Во рамки на ТМ бодовниот турнир за јуниори до 19 години, Дарко Китановски и Кристијан Митев се пласираа меѓу најдобрите осум, додека Андреј Бејковски, Натали Бејковска и Ива Трајковски оставија силен впечаток со своите настапи.

Од клубот Пелагонија изразуваат задоволство од постигнатите резултати, потенцирајќи дека овие успеси се потврда за квалитетната работа и посветеноста на младите спортисти.

Babam Bitola

Comments are closed.