Пингпонгарот на ППК Пелагонија, Дарко Китановски, освои бронзен медал на Државниот турнир Мастерс Телеком кој се одржа во Крива Паланка. Китановски настапи во категоријата до 19 години и со одлични партии успеа да стигне до третото место и ново одличје за битолскиот клуб.
Со овој резултат, младиот пингпонгар уште еднаш потврди дека е еден од најперспективните натпреварувачи на ППК Пелагонија и продолжува со континуитет на добри настапи на домашната сцена.
На турнирот настапија и другите претставници на клубот, Кристијан Митев и Андреј Бејковски. Тие овојпат немаа многу среќа со ждребот и не успеаја да се вклучат во борбата за медали.
Од ППК Пелагонија изразуваат задоволство од настапот на своите млади пингпонгари и најавуваат дека продолжуваат со работа и подготовки за следните натпреварувања.
