Денес, Рамизе Тунџај повторно чекори по калдрмата на Битола, носејќи со себе спомени од младоста и љубовта кон татковината на нејзиниот дедо. За неа ова е враќање по речиси половина век – момент исполнет со емоции, солзи и радост.

Локацијата каде што беше слаткарницата на Сали

Со неа е и нејзината сестра Шебнем Сунетчиоглу, која иако повеќепати го посетила градот, токму денес ја доживува вистинската приказна за својот дедо и за мостот што е симбол на Битола. Денес таа не е само посетител, таа е дел од една жива историја што продолжува да пулсира во срцето на градот.

Најмладата, Мелис Сунетчиоглу, правнуката на Сали, првпат стапнува во Битола. Нејзините очи го гледаат мостот не само како дел од градскиот пејзаж, туку и како наследство – сведоштво за името што останало засекогаш врзано со овој град.

Битола денес не само што ги пречека потомците на Сали од Истанбул, Турција, туку и ги спои генерациите преку една приказна за семејството, љубовта и мостовите кои не поврзуваат – и низ времето и низ срцата.

Голема благодарност до Севги Фејзуловска