Со емотивна порака, Александар Најдовски, сега припадник на безбедносните структури како полициски службеник, се прости од својот чичко Бошко Најдовски, бранител од конфликтот во 2001 година.

„Почивај во мир, чичко мој. Твојата храброст и жртва никогаш нема да бидат заборавени. Гордо ќе те паметиме како човек што го даде највредното за Република Македонија во 2001 година. Вечна ти слава“, стои во неговата објава.
Бошко Најдовски е дел од генерацијата бранители чии имиња засекогаш остануваат врежани во колективната меморија. Нивната жртва претставува симбол на храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината.
И по повеќе од две децении, споменот за бранителите од 2001 година останува жив, како потсетник на времето кога многумина го дадоа највредното за државата.
Вечна слава на хероите.
