БИТОЛА, Февруари 1970г.
Настапувале во голем број театарски престави. Се појавувале на филискиот и телевизискиот екран. За својата глума и режија добивале повеќе градски и републички награди. Ги знаат сите браќата артисти – Димче и Ацо Стефановски од Битола. На сцената стартуваа истовремено. Театарот е нивниот дом. Тука ја минаа младоста, на штиците проведоа илјадници часови. Денес, по истите стапки чекорат нивните синови: Благој и Илко.
Тие како да ги наследиле театарски особини на нивните
родители И двајцата одат во трети клас гимназија, но поголем дел од слободното време то минуваат во театарот.
Ветераните Димче и Ацо често учествуваа на исти преттави. Денес и нивните деца настапуваат заедно во драмата на Сартр „Незакопани мртовци”.
– Ги знам сите улоги што го толкувал татко вели Благој
Желба ми е и мене да се посветам на театарската уметност. Во нашето семејство постојано се зборува за театарот, за артистите, за уметноста. Тоа и мене ме занесе па токму затоа сакам да го наследам „стариот”.
Вака зборува и синот на Ацо
Стефановски – Илко. И за него
е театарот најголема животна преокупација. Двајцата планираат навреме да
ги завршат средните училишта, а
потоа да се упатат на соодветни
академии за студирање и усовршуње на театарската уметност.
ТЕАТАРОТ Е ОПСЕСИЈА И НАДЕЖ ЗА 17-ГОДИШНИТЕ БЛАГОЈ И ИЛКО СТЕФАНОВСКИ, КОИ ГОРАТ ОД ЖЕЛБА ДА ГИ ЗАМЕНАТ, ПА ДУРИ И НАДМИНАТ СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, НЕЗАБОРАВНИТЕ БИТОЛСКИ АРТИСТИ – БРАЌАТА ДИМЧЕ И АЦО
Што претставува за вас театарот? И одговорите им без исти. Иако сме моментнално окупирани со училишната настава, сепак, се надеваме дека еден ден ќе ги замените своите родители. Театарот за нас е се: радост, исчекување, забава, опсесија.
… Постоано читаме познати дела, ти следиме сите театарски ТВ-претстави и редовно присуствуваме на сите проби и претстави, што се подготвуваат во битолскиот Народен театар.
Во семејството Стефановски уште повеќе се зборува за театарот. Ветераните браќата Димче и Ацо, секако, не ќе бидат никогаш заборавени од љубителите оваа уметност. Но, можеби нивните синови Благој и Илко и ќе ги надминат.
П.Cтaврев за Вечер 1970г.