По повод значајниот јубилеј – 90 години постоење, вечерва прими признание во име на својата богата традиција и континуирана посветеност кон спортот и градот.
Во обраќањето беше истакнато дека деветте децении постоење се исполнети со спортски дух, пријателство, ентузијазам и искрена љубов кон Битола. Од своето основање до денес, клубот не претставува само спортска организација, туку и важен дел од спортската историја и идентитет на градот, инспирирајќи бројни генерации спортисти и љубители на планината.

Од ПСК Пелистер упатија благодарност до сите поранешни и сегашни членови, тренери, поддржувачи и пријатели на клубот, кои низ годините со својата работа и посветеност го граделе и го зачувале неговото име и углед.
Посебна благодарност беше изразена и до за доделеното признание, кое, како што беше нагласено, претставува дополнителен поттик клубот да продолжи уште посилно и поодлучно во годините што следуваат, со истата љубов и посветеност кон спортот и градот.






