По две децении во Битола повторно мултидисциплинарна интервенција на политрауматизиран пациент
Во Клиничката болница во Битола, по околу две децении, успешно е реализирана сложена мултидисциплинарна хируршка интервенција кај политрауматизиран пациент, во која бил вклучен комбиниран тим од повеќе медицински специјалности.

Станува збор за координирана интервенција во која учествувале специјалисти од ортопедија, максилофацијална хирургија и анестезиологија, со цел пациентот да добие целосен и навремен третман по сериозните повреди.
Во ортопедскиот тим биле вклучени д-р Александар Обедниковски, д-р Армин Амедовски, инструментарките Наташа Чекановска-Шехи и Филип Стојановиќ, како и рентген техничарот Вадедин Јусуфовски.

Тимот од максилофацијална хирургија го сочинувале д-р Христијан Горгиевски и д-р Александар Андреевски, заедно со медицинските сестри Валентина Малаковска и Елизабета Милевска.
За безбедно спроведување на интервенцијата бил задолжен анестезиолошкиот тим во состав д-р Тања Струмениковска-Ристевска и медицинската сестра Татјана Кочовска.
Од комбинираниот мултидисциплинарен тим упатија честитка до сите битолчани, посакувајќи им убав празничен неделен ден, истакнувајќи ја важноста на тимската работа, посветеноста и заедничката грижа за здравјето на пациентите.

„Ваквите интервенции се доказ дека кога повеќе специјалности работат заедно, пациентите добиваат најдобра можна здравствена грижа“, порачуваат медицинските тимови.
