Почина режисерот Сашо Миленковски

од June 29, 2026 0 коментари

Македонската културна сцена остана без еден од своите најзначајни театарски творци. По долго боледување, на 63-годишна возраст почина режисерот Сашо Миленковски, потврдија од Драмски театар – Скопје.

Миленковски е роден во Битола во 1963 година и зад себе остави богата кариера со повеќе од 50 режии реализирани на сцените во Македонија, регионот и Европа. Неговото творештво опфаќа дела од класични автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, но и значаен придонес во афирмацијата на современата македонска драма.

За својот исклучителен придонес во театарската уметност, годинава беше добитник на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Заминувањето на Сашо Миленковски претставува голема загуба за македонскиот театар, а неговите претстави и уметнички белег ќе останат траен дел од националната културна меморија.

Babam Bitola

Comments are closed.