Споменикот од Првата Светска војна, остатокот и спомен од неверојатните разрушувања и борби на Антантата , почивалиштето на еден дел од нивните учесници кои три години се бореа на т.н. Солунски или Македонски фронт -Француските војници.

Република Франција и нивните власти и ден денес беспрекорно се грижат и ги почитуваат своите паднати борци кои тука во оваа костурницата беа закопани далечната 1921 година,остатоците од 776 француски војници од 17 ° D.I.C. Загинаа на страната на Франција и Србија 14 октомври 1916 во битката кај Негочани-Меџитлија, идентификувани и закопани во могилата на Меџитлија 16 ноември 1916 година*,од каде сигурно се преместени тука каде што сега се наоѓаат,на патот од левата страна што води од Битола кон с.Новаци ( *од пишувањето на едната плоча која е таму поставена)

Грижата што француската влада ја покажува за овој споменик е голема и е сосема соодветна на храброста со која се бореле и загинале војниците раководени од генералот Морис Сарејл.Почитувани се и секоја година со високи воени почести организирани и посетени од страна на високи француски воени личности и функционери.

“Во слава на Армијата на Ориентот”. 

“Тука во оваа костурница е погребан Еуген Роугес главен офицер на 22е од 44  R.I.C. Загина на 16.11.1916 на страната на Франција во битката кај Негочани”
На метални држачи се поставени коцки со тробојното знаме на Франција, сина, бела и црвена боја, бројката и името на војникот. Доколку презимето не им било познато на преживеаните војници, тие го запишувале само името на своите соборци. На почивалиштето има и значителен број крстови со црвени полумесечини, во знак на муслиманите, кои учествуваа како војници за Француската војска, мобилизирани од северно-африканските колонии на Франција. 

Битола, како град страдалник во војната од 1914-1918 уште во 1924 година го добила големото одликување -“Францускиот Воен Крст”.