Започнуваат ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ, деновите на најстариот, најведриот и најмасовниот фестивал кој ни го носи светот дома.

Од 19 до 31 јули зачекорете во свет во кој минатото танцува со сегашноста на славниот фестивал на фолклорот.

Под слоганот „Уметноста на традицијата“, ве повикуваме да бидете сведоци на безвременската убавина на светското културно наследство.

Овогодинешниот постер, инспириран од овој ведар цртеж на младата уметница Јована Трајческа од основно училиште Даме Груев од Битола, го доловува духот на нашиот настан со свежиот и имагинативен допир на детската креативност, затоа што иднината им припаѓа на новите генерации, а и грижата за културноти наследство.

Почувствувајте го ритамот на древните ударни инструменти, уживајте во погледот на традиционалните облеки кои ќе ги носат учесниците и слушнете ги ритмите што одекнуваат низ генерациите на многу нации кои доаѓаат на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

Ова ќе биде визуелно патување, каде што традицијата не само што се памети, туку се живее во сета своја слава