ГАЛА ОТВОРАЊЕ на PIONERSKI Book Bar & Apartments

Датум: 23 мај 2025
Време: 21:00 часот
Локација: Пионерски дом, Битола
Специјален гостин: Ламбе Алабаковски

На 23 мај, во просториите на Пионерски дом, ќе се одржи свеченото отворање на PIONERSKI Book Bar & Apartments – нов културен и урбан простор во срцето на Битола.

Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на вечер исполнета со уметност, музика и автентична атмосфера, предводена од специјалниот гостин Ламбе Алабаковски.

Со овој настан, PIONERSKI го најавува своето враќање таму каде што спомените се сè уште живи – со нова енергија, истата душа и топлина што се чувствува, а не се опишува.

Отворањето најавува ново култно место на градската мапа – отворено за сите кои ја ценат вистинската атмосфера.

Добредојде во PIONERSKI.