Епа вака мои…

Почитувани другарки другари колеги пријатели не пријатели фанови не фанови лајкувачи хејтери луѓе од власта луѓе од опозицијата левици десници командири полицајци доктори новинари  пожарникари продавачки директори менаџери луѓе од ова мало парче земја и од овај свет…
Сакам како со доликва јавно да се изразам кажам и испочитувам оваа вест!
Сепак ова е тежок текст ова се тешки зборови изразени и напишани на социјалните мрежи но со тешко срце еве кажвам дека јас Марјанчо Георгиевски почнувајќи од далечната 2004 та па се до ден денес напомош Св.Никола бев активен член на Театарот ‘’Солза и Смеа’’. Почнав како статист и со првата претстава моја Бегалка одиграна на 27.08.2004 во Хераклеја со единствената реплика (потифко ке го разбудите чорбаџијата) почна една ера еден талент еден чекор како почна љубовта према овај театар и љубовта во уметноста љубов према глумата. Сум настапвал претходно нормално на патронати како дете па сум статирал професионално со Битолскиот Народен Театар во претставата Антигона и Тито, Сигурни Дијаграми на Копнежот но сепак низ годините и времето се раѓаше се поќе поголема љубов према театарот. Така мојот идол и ден денес мојот Тетин Доенот на Македонскиот Театар Митко С.Апостоловски неуморно ми раскажуваше за професијата глумата и театарот. Кој тој ја толкуваше главната улога во Антигона. Се докажав како полу матурант и добив улога, имав чест и задоволство  да го играм Кемал Ататурк на млади години во кратко метражен филм! Тој ден како да беше пресуден да се запознам со Саше (Александар Димитровски и Бојан Стојков ) така почна еден почеток таја 2004. Низ сите овие години поминати тимот на Солза и Смеа се зголемуваше растеше кога помалце кога поќе но сепак ние бевме и останавме едно семејство се до ден денес плус минус се држиме. Поминавме од пре најголеми успеси од врвни награди гостувања низ ова парче земја, низ овај свет поминат неколку пати со успешни премиери  снимени преку илјадници скечеви неколку филмови и секогаш наградувани со безброј аплаузи.Но, ете некогаш и така иди животот кога еден ќе мора да напушти т.е јас.  Без разлика на овај град како со секој е љубопитен да научи и праша кај си те нема те немаше во последната претстава те нема во скечовите и др. Одлучив кратко и јасно и јавно да го кажам моето лично заминување од Солза и Смеа. Постапката на ова и причината е моја лична самоиницијативна без притисок и кавга со колегите од Солза и Смеа.Јас живејам и ден денес со Саше Кумбата Диме Валето со нив поминав многу години и нема зошто и причина да сум скаран наљутен или било шо. Зато застанав го пишам ова за разлика од другите членови кои биле поминале и не напишале едно фала или причина за разделбата од театарот. Сепак идат нови генерации и треба да му се одстапи место и да се докажат и створат љубов према театарот. Пријатели Публико… Ве оставам со тешко срце публико најмила ве оставам
со добра мисла со љубов према театарот со љубов према Солза и Смеа со љубов према комедијата. Најтешкиот жарн во глумата. Зошто секој од нас е трагичар и патетичар да изигра обична претстава но ела насмеј некој како шо смеев безброј лица. Пријатели посетувајте било каков театар, посетувајте и нека ви стани навика еднаш два пати три пати да одете да гледате макар и реприза секогаш барајте карта плус. Не се борете за гратис борете се да платите симболична цена за една карта зошто секој од нас вадеше и јадеше парче леб од оваа професија. Зошто секој од нас се труди вложва труд на тие штици секој поти створа некоја нова личност некој нов карактер секоја претстава различен жанр одиграни мрак завеса аплауз…
Тоа е време трпение концентрација работа со мозок. Испочитувајте ја секоја претстава кога и да гледате зошто театарот не е филм ќе прицни пауза да одмориш или ќе заминиш на сред претстава, соживејте се со секоја претстава а на крај наградете со аплауз. Зошто секој со игра дали бил аматер глумец статист заслужува аплауз како јас шо го добив последен во Перт (Австралија).
“ЖИВОТОТ Е ТЕАТАР, А НИЕ СМЕ СИТЕ ГЛУМЦИ ВО НЕГО’’. Драга Битолска публико… Македонска публика ова е последно од мене да зборам од името на Солза и Смеа. Со почит Марјанчо Георгиевски (Мацко)  ЗБОГУМ . . . . !!! 👏🏻👏🏻👏🏻😢🎭

Фб статус на Марјанчо Ѓоргиевски