Полнам очи, празнам чаши,
секоја е за тебе,
секоја солза, секоја голтка
за твоја душа е.
Денови минат, срце ми кинат
парче по парче секој ден,
тагата тежи, раната жежи,
се тешам ќе помине.
Спомени болат од моменти наши
од детските денови,
од журките бесни, девојки лесни,
искуства нестварни.
После се смени, од љубов се жени
си доби чупе другарче,
но дотука било батуле мило,
сега летај со ангелите!
Ти си херој мој,
паднат јунак во крвав бој,
во битка нерамна
ко џедај против сила зла,
сега на небо горе
нема веќе бурно море,
најди спокој, вечен рај
се молам за тебе знај!

Татјана Колушевска

Еден од пионерите на електронската сцена…долги години беше активен….со грамофоните…ги сакаше и пушташе техно и indie звукот….голем ентузијаст..еден од главните виновници на “живата култура” во Битола во вистинска смисла на зборот… беше посветен на музиката..на сцената..на подиумот….го сакаше градот…..луѓето.. различните генерации што доаѓаа… вистинската енергија….голем и редок човек…бескромпромисен борец…соборец..ќе остане запаматен по добрата енергија и добрата музика….

Александар Јовановски

Кире, дете, извор на чиста позотивна енергија. Легенда Битолска!! Легенда на регионалната клубска сцена! Почивај во мир C-Pure. Засекогаш ќе бидеш запамтен

Јован Гинов

Отсекогаш си бил херој за мене. Прерано не напушташ брајконче мое.Светов појќе немат да е ист без тебе. Бог нека ти ги отвори портите во Царството Небесно. Почивај во мир братче мое C-Pure, засекогаш ќе живееш во нашиве срца. Се гледаме таму горе.

Никола Ози

Кирка брате, нека ти е светол патот на небото и пуштај ни музика од горе.

Зоран Атанасов

2001 или 2002 година прв пат пуштав музика на базенот во Битола заедно со Чипур, партали журка, над 800 луѓе. Секогаш кога ќе се видевме после тоа, дали низ Скопје или Битола, дали ќе пуштавме заедно или ќе фатевме Егзит, секогаш тоа биле супер дружби. Последниве години некако изгубивме контакт, а денес те изгубивме и тебе…
Rest in power, amigo!

Васко Нетковски

Битола изгуби уште една легенда, C-Pure Cipurovski, саундракот на многу младости и поубави времиња, ритамот на корзото и забавите шо знаеа да разденат. Човек кој даваше музика на многу ноќи и викенди. Битола ќе биде многу потивка…

Нека почива во мир и сочувство до семејството.

Божидар Божиновски

Другар почивај во мир.
Заедно од Богданци до Тетово, од Струга до Каменица, безброј светски имина, фотосесии, ти си кум на нашето Fresh Union, многу пати беше и дизајнер, беше диџеи, беше продуцент, вршеше преводи по граници кога светски диџеи немаа виза, многу пријателства, многу журки, многу голем придонес за промоција на Битола и Македонија. 20 години заедно не беа доволни за да раскажеме се! Се гледаме таму горе Чипур.

Васко Павлевски

Џабе ќе пишам Бог да те прости кога со сигурност знам дека на никој досега не му имаш ништо згрешено. Секогаш ведар, насмејан, духовит каков шо ќе ни останиш во мислите. Почивај во мир школски и пуштај ни музика одозгора, здрава и жива да е целата твоја фамилија.
Госпо стално најдобрите ги зема први.

Зоран Ѓоргиев

ВЕЧЕРВА 21.06.2023 г. C-PURE TRIBUTE