Со насмевки, добра атмосфера и малку натпреварувачки дух, ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг за оваа сезона. Традиционално, крајот беше одбележан со интересен футсал дуел меѓу помладите и поискусните ракометари, а овојпат победата заврши кај „постарите“.

Во пријателска, но борбена атмосфера, шампионскиот тим на поискусните покажа дека годините носат искуство, а младите имаа одлична можност уште еднаш да ја почувствуваат тимската енергија и заедништвото што го краси битолскиот клуб.

Со овој тренинг, РК Еурофарм Пелистер официјално ја затвора сезоната, а навивачите со нетрпение веќе го очекуваат новото поглавје и новите предизвици.
