Последен натпревар за Еурофарм Пелистер сезонава – време за аплауз, емоции и победнички крај

од May 26, 2026 0 коментари

Ракометниот клуб во четврток ќе го одигра последниот натпревар од сезоната 2025/26, а битолската публика повторно ќе има можност да биде дел од уште една ракометна вечер исполнета со емоции, страст и зелено-бела атмосфера.

Овој натпревар нема да биде само затворање на уште една успешна сезона, туку и последен настап во дресот на Пелистер за неколку ракометари, кои во изминатите години оставија силен белег, донесоа титули, големи победи и безброј радосни моменти за клубот и навивачите.

Од клубот упатуваат повик до сите љубители на ракометот, навивачите и симпатизерите да присуствуваат во салата и заеднички да ја одбележат завршницата на сезоната, со поддршка каква што само Битола знае да приреди.

Очекувањата се салата повторно да биде исполнета со препознатливата атмосфера, а тимот сезоната да ја заокружи со победа и уште една причина за славје.

„САМО ЕДЕН ТИМ, САМО ЕДЕН ГРАД!“ – пораката која уште еднаш ќе одекне од трибините во Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.