Посакувам да се вратам сто години наназад во убавата и стара града Битола…

од May 22, 2025 0 коментари

Во време кога животот беше поедноставен, но душата побогата. Луѓето живееја со многу помалку, но сè имаше повеќе смисла. Имаше поредок, имаше вредности, имаше достоинство. Белите кошули, долгите црни здолништа, елеците и капите не беа само облека – беа начин на живот. Елеганцијата не се купуваше, се носеше со држење и со став.

Сакам да се вратам во тие денови кога Битола живееше со срце. Кога по Широк Сокак минуваа пајтони, а улиците мирисаа на тукушто испечени кифли и кафе во емајлирани ѓезвиња. Кога се организираа забави, свиреше жива музика, се наздравуваше со вино и се бакнуваше со мерак. Кога имаше убави моми со исплетени коси и насмевки од срце, и млади момци со накривени шапки и жар во очите.

Секој поглед кажуваше приказна. Луѓето се доживуваа – не се прелистуваа како слики на телефон. Имаше љубов. Имаше почит. Сè се живееше побавно, но се чувствуваше подлабоко.

Денес, кога ќе погледнам фотографии како оваа – душата ми затреперува. Ми недостасува таа едноставност, таа вистинска убавина, таа вистинска Битола – мојата Битола.

Фото КИЦ Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.