Во рамки на одбележувањето на големиот јубилеј – 70 години од постоењето, пред полна сала во НУ Центар за култура – Битола, се одржа полугодишниот концерт на КУД Илинден од Битола
Настапите беа вистинска манифестација на трудот, посветеноста и талентот на учениците и нивните ментори, а секој изведен број беше дочекан со топли аплаузи и восхит од публиката.
Овој концерт не беше само културен настан – туку и потсетник на истрајноста и вредностите што се градат веќе седум децении.
Од КУД Илинден упатија огромна благодарност до сите родители, пријатели, поддржувачи и покровители, кои континуирано ја даваат својата поддршка и доверба.
Ј
убилејната година продолжува со уште многу активности, а тимот останува посветен на развојот и унапредувањето на уметничкиот израз и културната сцена