Советниците од Поинаку денеска на работна средба со директорката на ЈП Комуналец Битола Гордана Наумовска. Габриела Илиевска, Иван Чулакоски и Алмир Адемоски на Наумовска и доставија листа со барања во која се содржани дел од предизборните ветувања, но и барања од граѓани кои во изминатитот период беа доставени до советниците.

Ги мапиравме дивите депонии во градот и околината кои мора во најскоро време да бидат исчистени, побаравме санација на возилата за собирање на отпад, како и промена во распоредот на собирање на истиот, секојдневно миење и чистење на улиците, како и формирање на Комунална редарска служба. Разговаравме и за останати проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно.

Реализацијата на нашите барања ќе ја следиме секојдневно, но и ќе ја дополнуваме листата согласно барањата и потребите на нашите сограѓани.