На 4 јуни (среда) во Битола ќе започне со работа новиот Авто Мото Испитен Центар Супер Возач ДООЕЛ Битола, кој се наоѓа во просториите на поранешниот Славјански универзитет.
Овој испитен центар, кој има петгодишно овластување од Министерството за внатрешни работи, ќе ги спроведува возачките испити за кандидатите од општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Центарот располага со:
Шест пријавни места во наведените општини,
Три автодроми за првиот практичен испит (во Битола, Прилеп и Ресен),
Три центри за теоретски испит (во Битола, Прилеп и Ресен),
Околу триесет стандардизирани возила од сите категории за практична настава и испити.
Испитите ќе ги спроведуваат лиценцирани испитувачи, најголем дел дипломирани сообраќајни инженери со долгогодишно искуство во едукација и тестирање на кандидати за возачи.
Кандидатите ќе можат да ги добијат сите потребни информации, како и да се пријават за испит преку официјалната веб-страница: www.supervozac.mk
Веднаш по официјалниот почеток со работа, АМИЦ Супер Возач Битола ќе започне со прием на пријави за полагање, како и објава на распоредот за првите испити.
Центарот им посакува добредојде и успех на сите сегашни и идни кандидати за возачи од регионот!





