Познати се првите учесници на манифестацијата „Зимска приказна 25/26“, која и оваа зима ќе донесе музичка магија под отворено небо.

Организаторите ги објавија имињата на дел од артистите што ќе настапат на сцената, меѓу кои се: Aрea, Нокаут, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Дани Димитровска, Сара Мејс, Superhiks и Димитар Андоновски.

Станува збор за изведувачи со препознатливи кариери и бројни хитови, кои со својата музика ќе ја збогатат зимската атмосфера и ќе придонесат за празнично расположение кај публиката.

Од организацијата најавуваат дека ова е само првиот дел од програмата и дека во наредниот период ќе следуваат нови имиња и дополнителни информации за „Зимска приказна 25/26“, која традиционално се одржува под светлата на празничната сцена.