Плеј-оф ждрепката од ракометната Суперлига посака првото коло да биде зачинето со големото градско дерби на Битола помеѓу екипите на Еурофарм Работник и Пелистер.

Судејќи по настаните од регуларниот дел од сезона и последниот меѓусебен натпревар од пред две седмици, битолчани оваа сабота сигурно ќе бидат сведоци на уште еден квалитетен и до последни мигови неизвесен ракометен натпревар. Новајлијата во дресот на „фармацевтите“ искусниот Горан Кузманоски за нашиот медиум истакна дека на претходното дерби Битола потврди дека е ракометен град и дека Еурофарм Работник е подготвен за нова борба со пелистерци.

„Најпрво морам да признaам дека бев пријатно изненаден од случувањата на нашиот прв натпревар оваа пролет и можам да кажам дека ова не е само битолско, туку и македонско дерби. Салата беше исполнета до последно место, атмосферата беше фантастична, што е потврда дека Битола е ракометен град. Тој меч го добивме по една тешка борба, но сепак, сигурен сум дека овој ќе биде далеку поразличен, бидејќи има поголема тежина и дека двата тима сакаат со победа да го започнат плеј-офот. Цела седмица се подготвуваме за ова дерби, спуштени сме на земја и мислам дека ќе одиграме уште еден квалитетен и паметен натпревар“, изјави поранешниот македонски репрезентативец.

Повеќе на Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here