За претставници на здруженија за заштите на животните, ветеринарни амбуланти, пансиони за животни, дресери на животни, на ниво на Општина Битола
ЕКЕ Битола подготвува иницијатива со едукација и хуман третман на домашните миленици и уличните животни, која ќе послужи за креирање на наставна програма за хуман третман на истите. Ги повикуваме сите заинтересирани претставници на здруженија за заштите на животните, ветеринарни амбуланти, пансиони за животни, дресери на животни, на ниво на Општина Битола на 27.10.2023 година во 18:00 часот во просториите на ЕКЕ Битола на ул. „Белградска 27“ – Битола на консултативна средба, да се вклучат во оваа иницијатива и да допринесат со нивната стручност во креирањето на наставната програма и активностите.
Целите на оваа на оваа иницијатива се следните:
– Зголемување на свеста за хуман третман кон домашните и уличните миленици кај учениците од основно образование на ниво на Општина Битола,
– Развој на курикулум- наставна програма за обука на наставници од основно образование за хуман третман на домашни и улични миленици,
– Обука за наставници преку која ќе стекнат компетенции за темата хуман третман на домашни и улични миленици.
За дополнителни прашања и потврда на учество испратете емаил на [email protected] до 26.10.2023 година.