Над 200 насмеани малечки спортисти во средата го наполнија Градскиот парк и ја претворија Битола во најгласната детска арена. Втората по ред „Ај на Олимпијада со Менде“ докажа дека кога ентузијазмот на децата и поддршката на локалната заедница се здружат, резултатот е ден полн со радост, фер-плеј и вистински олимписки дух.
14 тимови, 6 игри, тројца шампиони

14 тимови храбро настапија во шест забавни, но предизвикувачки игри, тестирајќи ја нивната брзина, прецизност и тимска работа. По динамично финале, титулата пак ја однесе тимот „Довлеџик“.
„Ленски Мост“ го освои второто место, а „Брусничка“ завршија како трети.

Поддршка што создава спомени
Настанот беше овозможен благодарение на Општина Битола, која ги стави терените на располагање. За свежината и енергијата се погрижија нашите партнери и спонзори:
Пела Роса – природна вода за вистински спортски дух
Цермат – сладоледно разладување
Мали Чекори – креативна зона со интерактивни игри за најмладите
„Секоја насмевка што ја видовме денес е потсетник дека вложувањето во спортот и децата е најдобрата инвестиција во иднината на Битола,“ изјавуваат од ⋮IWConnect.

Забава и за најмалите

Додека поголемите се натпреваруваа, најмладите уживаа во детското катче организирано од Мали Чекори, каде што играа едукативни игри и бодреа навивачки.

Продолжуваме со уште поголема енергија

„Ај на Олимпијада со Менде“ расте од година во година, а организаторите веќе најавуваат нови изненадувања за следното издание. Со ваква страст и поддршка, Битола останува центар на спортот и заедништвото.

Човекот кој се погрижи настанот да биде забавен и да ги претстави сите тимови на забавен начин е нашиот битолчанец, Љупчо Крстевски- Мр. Љубе