Денес нашите пингпонгарки во Првата Сениорска лига на Македонија во Битола забележаа победа од 4:2 против силната екипа на Младост Прилеп, додека од екипата на Младост 96 од Прилеп загубија со 4:1.

За противничката екипа настапија дури три репрезентативки – една од Грција и две од Македонија. Нашата екипа беше предводена од Натали Бејковска, Калина Митева и Ива Трајковски, кои сите оставија силен впечаток со својата борбеност и спортски дух.