Битола повторно дишеше како едно. Во атмосфера исполнета со емоции, страст и безрезервна љубов кон клубот, ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до голема победа против Алкалоид, уште еднаш покажувајќи зошто овој клуб не е само тим, туку чувство, припадност и религија за илјадници битолчани.


Од трибините до теренот, се чувствуваше енергијата која го прави Пелистер посебен. Борбеност, срце и заедништво – вредности што со години го красат зелено-белиот дрес.
„Најголема наша победа се емоциите, страста и љубовта кои ги имаат играчите и публиката кон нашиот клуб!“










За нас, вие сте секогаш шампиони!
САМО ЕДЕН ТИМ, САМО ЕДЕН ГРАД!
