Победа за старт на сезоната: Христијан Илиоски триумфираше на трката Скопје–Орман

од April 28, 2026 0 коментари

Со златен пехар и одличен настап, битолчанецот Христијан Илиоски ја отвори сезоната 2026 со победа на Државниот шампионат, на првата трка Скопје–Орман.

Илиоски уште на самиот почеток покажа дека се наоѓа во врвна форма, доминирајќи на патеката и оставајќи силен впечаток. Овој триумф претставува важен чекор кон неговите амбиции за нови успеси во текот на сезоната.

По завршувањето на трката, Илиоски упати благодарност до сите што стојат зад него.

„Благодарност до мојот клуб, моите спонзори, до сите мои фанови и моето семејство“, порача тој.

Зад неговиот успех стојат и бројни поддржувачи и партнери, меѓу кои Трајумф Мотоцикли Скопје, Конти Хидропласт, Вулко Прилеп, Силколен, Иги-2000, ЕАМ, Шкода Јосифов и ФОД дооел Новаци, како и институционалната поддршка од Министерство за спорт и Општина Битола.

Посебно значајна е улогата на Мото клуб Пелистер, клубот кој континуирано стои зад неговите резултати и развој.

Со ваков почеток, сезоната 2026 најавува возбудливи трки и нови предизвици, а Илиоски веќе покажа дека е подготвен за врвот.

Babam Bitola

Comments are closed.