hdr

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска на 12-та седница на општинскиот совет побара измена и дополнување на Програмата за социјална заштита во делот за помош на деца со попреченост кои земаат додаток на територијата на Општина Битола за 2022 година.

“Кога Владата нема слух за децата, ние нема да дозволиме да останат без помош – тоа е наша пред се морална и човечка, но и уставна и законска обврска. Ги повикувам градоначалниците и претседателите на советите на сите општини да го следат примерот на Општина Битола. Владата има пари за тендери за мебел и коли, ама нема 5000 денари за помош за децата со посебни потреби. Кога има пари за небитни трошоци, Владата мора да најди пари и за децата.”

Илиевска побара од службите да започнат со изработка на измените во Програмата за социјална заштита во која ќе биде опфатено она што на децата со попреченост им е потребно.