Почнаа активностите за отстранување на опожарениот објект на локацијата „Ловечка“ на 2000 метри надморска височина на Пелистер.

Објектот беше целосно уништен во пожар во ноември 2021 година и со години претставуваше сериозна опасност за минувачите, но и место каде несовесни посетители оставаа отпад. Со неговото рушење, Министерството за животна средина и просторно планирање и Националниот парк Пелистер преземаат мерки за поголема безбедност на сите посетители и за заштита на природната средина.

На истата локација наскоро ќе започне изградбата на современ објект кој ќе има повеќекратна намена:

противпожарна заштита,

видео мониторинг на видови,

поставување метеоролошка станица,

современ шелтер за планинари и посетители на Пелистер.

Активностите се реализираат во соработка Министерство за животна средина и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

НП Пелистер