Господине Дедо Мраз,

Како шо носи редо еве и оваа година решив да ти пишам писмо. Не знам шо ти стана брат ама од ко наполнив 12 години престана да ми носиш поклони, а од ко наполнав 16 и тие кесите шо ги носеше кај татко ми на работа престана да ги носиш.
Брат ми и тој е загрижен, ама не му е згодно да те праша. Тие 100 илјади евра лани шо ти ги побаравме кога ќе ги пуштиш, оти купивме една куќа Ушици за брат ми оти сакал да се жени, а во Охрид зедовме едно станче за да има налето кај да ојме. ТО СЕ ЌЕ БЕШЕ ВО РЕД АКО НЕ ДОЈДЕА ОД БАНКА ДА СИ ГИ БАРАТ ПАРИТЕ.
За годинава сакам да ти кажам дека бев мирен, два пати ја изневерив женската, ама пак зато таја мамицата ми ја расплака со пола град. Не лажев, не крадев и си легнував навреме, а јадев поќе од редовно. Годинава ништо не барам, освен тие ланските пари да ги пуштиш до Март оти после кучка ќе се кучи шо би рекла баба ми. И само сакав да те прашам дали годинава ќе има поевтини девојки оти лани глата ми ја дупнаја со Сваровски, Луи Витон и Каролина Ферера, додуша не ги знам тие кој се, ама лебо од уста ми го зедоја.
И последно шо сакав да те прашам е ова за мечката шо замина удолу по Драгоро шо се случи, оти баба Ристана се исплаши не ќе можи да оди на бафффча.
П.С. Само да не заборам да ти кажам дека сега, поќето домаќинства имат инсталирано парно, па баш би сакал да видам како ќе излезиш од радијатор …
Поздрав од Виктор А.К.А. Башлак!!!..&