Пинг понг турнир во Битола за кадети и кадетки до 15 години

од April 17, 2026 0 коментари

Утре, сабота на 18 април 2026 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Средното земјоделско училиште во Битола ќе се одржи вториот Државен бодовен турнир во пинг понг за кадети и кадетки до 15 години.

На турнирот се очекува учество на млади таленти од цела држава, кои ќе се натпреваруваат за бодови и пласман, покажувајќи го својот спортски дух, техника и посветеност.

Организатори на настанот се ППК Пелагонија, Федерацијата за пинг понг и Општина Битола, кои продолжуваат да го поддржуваат развојот на спортот и младите во градот.

Се покануваат сите љубители на спортот и пинг понгот да присуствуваат и да ги поддржат младите надежи во ова возбудливо натпреварување.

Babam Bitola

Comments are closed.