Пинг понг клуб Пелагонија: За две години постоење на првите две места на Пинг понгарската федерација

од June 4, 2023 0 коментари

Во Битола две години постои пинг понгарскиот клуб Пелагонија. За своите две години постоење клубот успеа за следната сезона да обезбеди пласман во Супер лигата за сениори.
Целта на клубот е работа со млади играчи. Играчите на ППК ПЕЛАГОНИЈА во категорија мини кадети У11 се на првите две места на ранг листата на Пинг понгарската федерација.

На 3 Јуни во Крушево се одржа завршниот Топ 8 турнир.
Кристијан Митев и Андреј Бејковски, играчи на ППК ПЕЛАГОНИЈА ги освоија првите две места.

Зоран Таневски ППК Пелагонија

Babam Bitola

Comments are closed.