Карате клубот „Заншин До“ од Битола имаше одличен почеток на сезоната со значаен успех на Балканскиот турнир Фуканоши опен 2026, кој се одржа на 7 март во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во општина Кисела Вода во Скопје.

Битолскиот клуб се закити со пехар и вкупно 27 медали, од кои четири златни, шест сребрени и седумнаесет бронзени, потврдувајќи го квалитетот и посветеноста на младите каратисти.
Со златен медал се закитија Вероника Кочов,

која имаше одличен настап со мајсторска ката, ката тимот мажи кадети и јуниори во состав Александар Божиновски, Надалина Талевска и Давид Стојчевски, како и Бојана Бошкова во категоријата ката жени 2015 година и Тамара Стојановска во категоријата 2017 година.

Сребрени медали освоија ката тимот жени во состав Алексеј Петковски, Јана Цветковска и Тамара Стојановска, Јана Цветковска во категоријата жени 2018 година, Алексеј Петковски во ката машки 2018 година, Николај Петковски во ката 2016 година, Николај Петковски во кумите до 38 килограми во категоријата 2016 година и Давид Стојчевски во категоријата јуниори мажи.

Со бронзени медали се закитија повеќе членови на клубот во различни категории, меѓу кои Алексеј Петковски, Јана Цветковска и Илија Цветковски во ката тим машки 2017 и 2018 година, Николај Петковски, Бојана Бошкова и Јована Јовановиќ во ката тим женски 2015 и 2016 година, како и Леона Алиловска, Елена Јончевска и Емилија Илковска во ката тим кадети и јуниори. Бронзени медали освоија и Дамјан Митановски, Илија Цветковски, Софија Неделковска, Тамара Стојановска, Ана Вучкова, Софија Стојковска, Теофан Ивановски, Бојана Бошкова, Николај Ивановски, Илина Шобевска, Каја Темелковска и Александар Божиновски во своите категории.


Од клубот истакнуваат дека ова е само почеток на сезоната и очекуваат уште многу успеси во текот на годината, со надеж дека 2026 година ќе остане запаметена по нови спортски достигнувања.

Карате клубот „Заншин До“ од Битола работи под водство на тренерот Стевка Јанковска Петковска, која заедно со своите ученици продолжува да гради успешна спортска приказна.










