На првото Европско поединечно првенство во куглање кое ќе се одржува во Апатин Србија од 3-9 февруари, во организација на Светската кугларска федерација, Македонија ќе има влупно 7 претставници од кои 4 во сениорска и 3 во јуниорска возрасна категорија.

Свој настап за јуниорите ќе имаат
Стефанија Алексовска од Пелистер Пин и дебитантите на големите првенства Емилија Илијовска од Пелистер Пин и Владимир Талевски од Пелистер 1982

За сениорите ќе настапат Драгана Гаврилова, Мирјана Младеновска од ГТЦ Мусандра, Никола Андоновски од Пелистер 1982 и Александар Младеновски од Макпетрол.

Стручно лице кое ќе ја предводи македонската делегација е Игор Михајловски кој ја води и Кугларската Федерација.

Како Федерација, преку своите тела и Селекторите, на ова прво европско првенство кое се одржува во Србија, донесовме заедничка одлука да настапат помлади куглари и кугларки, дел од нив и дебитанти, давајќи им шанса да се верификува нивната работа и форма која ја имаа во изминатиот период со тенденција да се подмлади посебно машката сениорска репрезентација. Не сме многу оптеретени со очекувањата, играчите се спремни да го дадат својот максимум, многу ќе зависи во моментот на настап да се зачува концентрацијата и да се примени она што на тренинзите е работено. Стефанија од оваа група е најискусна и очекувам добра игра од неа иако имавме големи предизвици со неа дали ќе патува за Србија поради сериозен грип деновите пред заминувањето, Никола, Драгана и Александар имаат солидно меѓународно искуство со своите клубови или репрезентација и очекувам од нив добра игра додека најмладите Емилија и Влатко за прв пат ќе настапуваат на големо првенство, настапуваат во повисока возрасна група, но и двата се талентирани и очекувам да изиграат квалитетно. Медал е секогаш цел, дали ќе успееме или не во нашата цел ќе видиме, но дури и да не успееме, ова нивно искуство ќе биде од огромно значење за идните репрезентативни настапи на нашите избраници, изјави Игор Михајловски Претседател на КФСМ и Селектор на младински категории