Петмина битолски каратисти од „Заншин До“ заминаа на Балканското првенство во Истанбул

од • November 4, 2026 • 0 коментари

Каратистите од КК „Заншин До“ од Битола денеска заминаа за Истанбул, Турција, каде од 4 до 8 ноември 2026 година ќе се одржи Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и натпреварувачи до 12 години.

На ова големо меѓународно натпреварување се пријавени 1.240 натпреварувачи од целиот Балкан, меѓу кои и петмина млади битолчани кои ќе ги бранат боите на Македонија.

Од Битола ќе настапат:

  • Каја Темелковска – кадетки, ката
  • Елена Јовановска – јуниорки, ката
  • Надалина Талевска – јуниорки, ката
  • Михаил Марковски – јуниори, ката
  • Александар Божиновски – јуниори ката

Особено значаен е податокот што од вкупно 13 македонски натпреварувачи во ката, дури петмина се од Битола.

Според тренерот на клубот, ова е историски момент за битолското карате, бидејќи за првпат во историјата на Карате федерацијата на Македонија битолски натпреварувачи во овие категории ќе настапат на Балканско првенство.

Овој успех е резултат на долгогодишна посветеност, напорни тренинзи и љубов кон карате спортот.

На младите битолски каратисти им посакуваме многу среќа, успешни настапи и враќање дома со медали!

Битола е горда на вас!

Babam Bitola

Comments are closed.