Петгодишниот Давид е најмалиот доброволец кој помага во гаснењето кај Паралово

од August 15, 2024 0 коментари

Петгодишниот Давид Гелевски од Битола е најмалиот доброволец кој учествува во гаснењето на пожарот кај Паралово. Заедно со неговиот татко Дени Гелевски и комшијата Зоран Митровски се дел од неколкучлената екипа која се уште е активна во борбата со пламените јазици кои му се закануваат на Манастирот св. Ѓорги во Паралово. Пожарот освен во Паралово се шири и кон Грумази додека со чад моментално е покриена цела Битола и Пелагонија.

Фотографија испратена од Мартина Гелевска Трифуновска

Babam Bitola

Comments are closed.