ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ – ТАКОВ КАКОВ ШТО ГО ЧЕКАМЕ СО ГОДИНИ!

од • September 7, 2026 • 0 коментари

Фантастична партија на Петар Атанасијевиќ на гостувањето во Охрид!

Македонското крило одигра практично безгрешен натпревар – 8 погодоци од 8 обиди, а најважниот го постигна кога беше најпотребно. Од исклучително тежок агол, Атанасијевиќ ја погоди мрежата и му донесе бод на Пелистер во ремито 28:28.

Во минатото Атанасијевиќ знаеше да биде критикуван поради реализацијата во нападот, но стартот на новата сезона ни носи една сосема поинаква слика.

Сигурен во завршницата, брз и опасен во контранападите, а пред сè – полн со самодоверба.

Очигледно е дека довербата од Лино Червар и улогата на прво лево крило му годат, а Петар возвраќа на најдобар можен начин – со голови и одлични партии.

Доколку продолжи во ваков ритам, Атанасијевиќ може да биде едно од најпријатните изненадувања во зелено-белиот дрес оваа сезона.

А од неговата форма може сериозно да профитира и македонската репрезентација. Квалитетен, сигурен и самоуверен Атанасијевиќ на левото крило би бил голем плус за националниот тим во предизвиците што следуваат.

ПЕТАР Е „ЗАПАЛЕН“ НА СТАРТОТ – СЕГА САМО НЕКА ПРОДОЛЖИ!

МАК СПОРТ

Babam Bitola

Comments are closed.